ВИДЕО: Мексико и Јамајка визираа полуфинале на Голд Купот

Репрезентациите на Јамајка и Мексико ќе играат во второто полуфинале на Голд Купот, откако ноќва ги оправдаа фаворитските улоги во четвртфиналните натпревари.

Јамајка ја победи Канада со 2-1 (1-0) со головите на Францис и Вилијамс на почетокот од двете полувремиња. Единствениот гол за Канаѓаните беше дело на Џуниор Хојлет во 61. минута. 

Иако не блескаше, пласман во полуфиналето обезбеди и Мексико, кој минимално славеше против Хондурас со 1-0 (1-0) со голот на Родолфо Пизаро уште во 4. минута.

Во првото полуфинале ќе се сретнат САД и Костарика