ВИДЕО: Мексико и Хондурас во полуфиналето на Голд Купот

Фудбалската репрезентација на Мексико обезбеди пласман во полуфиналето на Голд Купот, откако во четвртфиналето во Глендејл ја совлада Саудиска Арабија со резултат 2-0.

Мексиканците до победата стигнаа благодарение на погодоците на Алексис Вега во 49. минута и автоголот на Абдула Маду во 81. минута, со што ја потврдија доминацијата на теренот и заслужено обезбедија место меѓу четирите најдобри.

  • Мексико - Саудиска Арабија 2-0:

Во борбата за финале, Мексико ќе се сретне со Хондурас, кој во неизвесен четвртфинален дуел ја елиминираше Панама по изведување на пенали. Натпреварот во регуларниот тек заврши 1-1, а Хондурас славеше со 6-5 по пенал-серијата.

  • Хондурас - Панама 1-1 (6-5 по изведување на пенали):

Во останатите четвртфинални пресметки од Голд Купот ќе се сретнат САД против Костарика, и Канада против Гватемала.

ФОТО: Gold Cup / X