Мексико го одреди селекторот по Светското првенство

Домаќинот на следното Светско првенство веќе ја планира својата иднина и по Мундијалот.  Фудбалската репрезентација на Мексико на големиот собир од клупата ќе ја предводи искусниот стратег, Хавиер Агире. Националниот сојуз објави дека тоа ќе биде последната работа на Агире, пред да се пензионира.

По Светското првенство Мексико ќе добие нов селектор, а тоа ќе биде легендарниот Рафа Маркез.

„По Светското првенство Маркез ќе ја заврши својата улога како асистент, а потоа ќе биде назначен за селектор на Мексико. Веќе имавме разговори со него и тоа е планот за следниот период. Во договорот на Маркез пишува дека по Светското првенство, тој ќе стане селектор на репрезентацијата“, вели Иван Сисниега, претседател на Фудбалскиот сојуз на Мексико.

Маркез треба да потпише договор до 2030 година.