• Иван Димовски

Фудбалерите на Мексико демонстрираа моќ во четвртфиналето и со 6-3 (3-1) ја победија Јужна Кореја на Олимписките игри во Токио. Иако се очекуваше неизвесност, екипата од Средна Америка покажа дека е сериозен претендент за најсјајното одличје и закажа полуфинале со Бразил.
Резултатот беше отворен по само 12 минути игра преку Хенри Мартин. Сепак, Кореја стигна бргу до израмнување, откако Ли Донг-Гјонг постигна гол за 1-1 во 20. До полувремето Ромо од игра и Кордова од белата точка ја вратија и удоија предноста на Мексиканците (3-1).
Стрелецот на првиот гол за Мексико, даде и уште еден. Ли Донг-Гјонг ја врати надежта на Јужна Кореја во 51. минута. Одново тоа само им даде дополнителен стимул на ривалите, бидејќи три минути подоцна и Хенри Мартин даде свој втор гол, а потоа и Кордова донесе нова убедлива предност. Мексико успеа да поведе и со четири погодоци предност преку Агире во 84. минута, додека во 91. минута конечните 6-3 ги постави Хванг Уи-Јо.
- Извештај од натпреварот:
Ривал на Мексико во полуфиналето ќе биде Бразил, кој во оваа фаза го исфрли Египет (1-0). Вториот полуфинален пар го сочинуваат Шпанија и Јапонија.