Мексиканскиот фудбалски шампионат уште еднаш се покажа како „крвав“, откако се случи хулиганска пресметка во која животот го загубија најмалку седумнаесет луѓе.
Фудбалскиот клуб Атлас по пауза од 70 години стана шампион на Мексико, откако во решавачкиот натпревар во финалето од плеј-офот по изведувањето на пенали беше поуспешен од тимот н Леон.
Коронавирусот ги натера националните сојузи да размислуваат на алтернативи кога се во прашање завршетоците на сезоната. Иако вирусот сè уште не е ставен под целосна контрола, сојузите активно работат на решенија, а оној во Мексико заедно со сите членови на првата лига изгласа револуционерен потег.
Најубавиот гол за изминатиов викенд ни доаѓа од Мексико. На натпреварот меѓу Гвадалахара и Веракруз, победата за домаќинот ја запечати голманот Родригез од преку 90 метри. Средбата заврши со резултат 3-1, а вистинско славје следеше по спектакуларниот гол.
Поранешниот европски првак со шпанската репрезентација, освојувач на Светскиот Куп и ѕвезда во нападот на Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челзи и сега на Саган Тосу од Јапонија, Фернандо Торес, се наоѓа пред нова смена на средината.
Можеби најубавиот погодок во изминатиот викенд беше постигнат во Мексико. Виновник за истиот беше фудбалерот на Дорадос де Синалао, Хесус Ескобоза, кој постигна ефектни „ножички“ кои го одушевија целиот свет.
Кога еден фудбалер ќе постигне посебен погодок, тоа предизвикува одушевување меѓу фановите, но овој кој го постигна Освалдо Мартинез на дуелот меѓу Сантос Лагуна и Атлас беше вистинска мајсторија и предизвика вистинска еуфорија како меѓу коментаторите, така и меѓу сите навивачи на стадионот.