ВИДЕО: Мексиканскиот селектор „ладен како камен“ по ударот во главата од тврд предмет

Селекторот на мексиканската репрезентација, Хавиер Агире, доживеа непријатен пораз на неговата селекција од Хондурас со конечни 2-0, а веднаш по натпреварот беше погоден во главата од разните предмети кои „летаа“ од трибините. 

Стратегот на Мексиканците се воздржа од било каква реакција и се однесуваше како ништо да не се случило, иако веднаш се виде дека неговата глава е раскрварена. Службените лица потоа го спроведоа во подтрибинскиот простор, каде веднаш му била пружена лекарска помош. 

Мексико загуби во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на нации, но ќе има шанса за реванш и надополнување на негативата. Возвратниот дуел против Хондурас ќе се одигра на 20 ноември во 03:30 часот по македонско време.