• Иван Димовски
Капитенот на репрезентацијата на Англија У21, Џејмс Мекати зборуваше на средбата со новинарите пред финалето на Европското првенство против Германците. Фудбалерот не го криеше задоволството и среќата за шансата која ја има во Братислава.
„Ова ќе биде специјален момент за мене, за нас. Многу сме возбудени за финалето, ќе биде големо достигнување ако победиме. Германците се квалитетни, треба да ги запреме нивните најдобри играчи во финалето. Во работата со Ли Карсли најмногу ми се допаѓа вербата која ја има во нас. Едноставно тој нè полни со самодоверба, имаме слобода да се изразиме на теренот.
За мене најзапазен момент на турнирот досега беше дуелот со Шпанија и водечкиот гол. Се надевам дека во финалето ќе креираме уште подобра приказна“, изјави асот на Манчестер Сити.
Притисокот во ова финале ќе биде врз Англичаните бидејќи тие го бранат трофејот од пред две години.


