ФОТО: Мејведер се приклучи на прославата на Роналдо и Јувентус во Саудиска Арабија

Роналдо Мејведер

Вчерашното дерби во италијанскиот Суперкуп заврши во полза на Јувентус, кој го победи Милан со голот на Кристијано Роналдо.

Италијанскиот првак стигна до уште еден трофеј, а при прославата во соблекувалната се појави изненадувачки гостин. Се работи за американскиот боксер Флојд Мејведер, кој им се приклучи на ѕвездите на „старата дама“, позирајќи со нив и со трофејот.

Американецот се наоѓа во боксерска пензија, но постојано е на насловните страници на медиумите, кои шпекулираат негов евентуален кам-бек во рингот.