Мехо Кодро вторпат во кариерата отпуштен по само два меча!

Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина повторно го отпушти својот селектор и ја прекина соработката со Мехо Кодро, кој на клупата во националниот тим се задржа само еден месец. 

Кодро дојде како замена за Фарук Хаџибегиќ, но добива отказ по само два натпревари. Интересно е тоа што Кодро добива вторпат ја напушта репрезентацијата, но и првиот пат беше отпуштен после два натпревари на клупата. Тоа се случи во 2008 година, кога Босна и Херцеговина се сретна и со Македонија, а мечот заврши со резултат 2-2. 

Последниов месец Мехо Кодро ја предводеше репрезентацијата до победа над Лихтенштајн со 2-1 и несреќен пораз во последната минута од Исланд (1-0). Неговата смена се случи по брза постапка, а наследникот ќе биде познат многу наскоро. Одборот на федерацијата решил дека најдобро решение ќе биде промена на селекторот, иако имало и такви кои сакале Кодро да продолжи. 

Репрезентацијата на БиХ во моментов има шест бода и ја зазема четвртата позиција во групата. Босанската селекција забележа само два триумфа и нанижа четири порази, што значи дека е скоро без никакви шанси за заземање на едно од првите две места во групата Ј, каде лидер е Португалија со максимални 18 бодови.