Мегвајер се правда: Мислев ќе падне врз мене, тоа беше природна реакција

Манчестер Јунајтед славеше на големото дерби на Англија против Челзи и се доближи во трката за Лигата на шампионите. „Ѓаволите“ славеа со сигурни 0-2, но еден спорен момент од првиот дел можеше да драстично да ги промени настаните на натпреварот на „Стемфорд Бриџ“.

Капитенот на Јунајтед, Хари Мегвајер по еден судир со Батчуаији падна на тревникот, но со десната копачка го удри противникот. За овој неспортски потег дефанзивецот на Јунајтед не доби ниту жолт картон, а по натпреварот се правдаше дека тоа било приридна реакција.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Идиотски потег на Мегвајер – со копачка го удри Батчуаији меѓу нозете

„Мислев дека ќе падне на мене, тоа беше природна реакција“, рече Мегвајер.

Сепак, многу аналитичари на Островот не се сложуваат со неговите зборови и сметаат дека неговиот потег бил за исклучување.