„Мегвајер чини 90 милиони? На село сум видел тројца како него...“

Големото англиско дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул заврши без победник. „Црвените“ на Јирген Клоп ја прекинаа победничката серија и преку Адам Лалана се изборија за голем бод.

Напаѓачкото трио на гостите наиде на одлична партија на Хари Мегвајер. Меѓутоа, критика на сметка на англискиот дефанзивец пристигна од Рафаел ван дер Варт, кој не штедеше зборови за да каже што мисли за него.

„Кога гледам аматерски селски клуб во недела, можам да видам тројца играчи кои играат исто како него. Можеби ова е глупаво да се каже, но тој сигурно нема да го слушне. Зборуваме за играч вреден 90 милиони евра, ако Мегвајер е тролку вреден, тогаш Ван Дијк вреди 300“, рече Холанѓанецот.

Столбот на одбраната на Оле Гунар Солскјер десет пати ја „исчисти“ опасноста пред својот гол, дури половина повеќе од сите на теренот.