ВИДЕО: Мегваер во 91. минута донесе бод за Јунајтед, Рома изненадена од Елфсборг

Екипата на Манчестер Јунајтед во самиот финиш се избори за реми на гостувањето кај Порто на „Драгао“, играјќи 3-3 (2-2) во дуелот од второто коло на Лига Европа. Гостите имаа огромни проблеми и беа на работ на нов пораз, но успеаја да израмнат во 91. минута со голот на Хари Мегваер. 

  • Порто - Манчестер Јунајтед 3-3: 

Маркус Рашфорд и Расмус Хојлунд донесоа два гола за гостите по само дваесет минути игра, но Порто успеа комплетно да се врати во игра уште пред истекот на првите 45 минути. Најпрво Пепе намали на 1-2 во 27. минута, а резултатот на паузата го израмни Шпанецот Саму седум минути подоцна (2-2).

Стартот на вториот дел донесе проблеми за Јунајтед, домашните тргнаа во силна офанзива, а таа вроди со плод во 50. минута, кога Саму го постигна својот втор погодок. Тен Хаг реагираше со пет замени во периодот до 79. минута, но не успеа да внесе доволно свежина во тимот.

Да биде ситуацијата уште потешка, Јунајтед остана и со играч помалку откако Бруно Фернандеш заработи втор жолт картон во 81. минута. За Португалецот ова беше второ исклучување во два натпревару. И кога се чинеше дека гостите од Англија повторно со пораз ќе се вратат дома, на сцената стапи дефанзивецот Хари Мегваер, кој постигна гол во 91. минута и барем за момент ја врати насмевката кај своите навивачи. Натпреварот заврши со конечни 3-3, но останува впечатокот дека Јунајтед можеше да прикаже многу подобро издание во Португалија. 

  • Ренџерс - Лион 1-4:

  • Бешикташ - Ајнтрахт Франкфурт 0-3:

  • Елфсборг - Рома 1-0:

Атлетик Билбао славеше со сигурни 2-0 над АЗ Алкмар, Ајнтрахт Франкфурт убедливо го надигра Бешикташ во Истанбул (1-3), Лион се враќа од Глазгов со голема победа кај Ренџерс со 1-4, Елфсборг ја изненади италијанската Рома и победиу на домашен терен со 1-0, додека ПАОК загуби од Стеауа пред своите гледачи во Солун со минимални 0-1. 

  • Атлетик Билбао - АЗ Алкмар 2-0:

  • ПАОК - Стеауа 0-1:

Унион Сент Жилоа и Бодо Глимт ремизираа со непопуларни 0-0, а со истиот резултат заврши и мечот помеѓу Викторија Плзењ и Лудогорец. Сличен исход имаше и на дуелот меѓу Твенте и Фенербахче (1-1). 

  • Твенте - Фенербахче 1-1:

Состави

Martin Anselmi

4-3-3

    Рубен Аморим

    4-2-3-1