• Саше Љолес
Хари Мегваер стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед и ќе остане во редовите на „ѓаволите“ најмалку до 2027 година, а по парафирањето на соработката, изјави дека е пресреќен што е дел од овој славен англиски клуб.
Искусниот стопер минатите сезони беше мета на многу критики, но во последно време значително ја подобри формата и си заслужи продолжување на престојот на „Олд Трафорд“.
„Да го претставувам Манчестер Јунајтед е најголема чест. Пресреќен сум што ќе ја продолжам мојата приказна во овој неверојатен клуб и што ќе продолжам да играм пред нашите најдобри навивачи.
Неверојатно е што ќе бидам дел од овој клуб најмалку осум години. Се надевам дека наскоро ќе почнеме и да освојуваме трофеи. Сите заедно да го поддржиме тимот, само така ќе можеме да создадеме нова историја за овој славен клуб“, рече Мегваер.
Јунајтед под водство на Мајкл Керик игра во одлична форма и во моментов е третопласиран во Премиер лигата, со огромни шанси за пласман во Лигата на шампионите.





