• Горан Упале
Манчестер Јунајтед за само седум минути постигна три гола во продолженијата и со победа од 5-4 над Лион се пласира во полуфиналето во Лига Европа.
За херојот на „ѓаволите“ Хари Мегваер ова беше најдобрата ноќ во неговиот живот. Стоперот на Јунајтед беше „режисер“ на првиот победнички гол постигнат во 120. минута во историјата на едно европско натпреварување по дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Ливерпул во 2020 година.
„Губевме со 2-4 со играч повеќе и игравме добро, им дозволивме премногу простор. Но, потоа „загризавме“, покажавме одличен тимски дух, карактер, сите заедно. Тоа може да го направи овој стадион“, изјави по мечот Мегваер, кој со овој гол сигурно ќе ја отфрли етикетата на губитник што со години ја носи со себе.
Ова беше само втора победа на Јунајтед со 5-4 во историјата - претходната беше во февруари 1958 година против Арсенал.