• Мартин Танасковски
Дефанзивецот на Англија, Хари Мегваер, даде коментар по ремито против Македонија во Скопје (1-1) за крај на квалификациите за ЕП 2024. Стоперот истакна дека одлуката за пенал била престрога, а „Гордиот албион“ можел да го добие овој натпревар затоа што доминирал.
„Ова беше една од оние ноќи во кои работите не одеа во наша корист. Имавме контрола на мечот и целосна доминација, само во одредени моменти се јавуваа мали проблеми со спроводот на топката од една зона во друга. Одлуката за пенал за Македонија беше луда, во одредени моменти таквите судиски одлуки ни го отежнуваат животот нам дефанзивците, не само за репрезентацијата, туку и во Премиер лигата, затоа што не може премногу да го мрдаме телото, не може да браниме зона, не може да ги испуштиме рацете надвор затоа што може да дојде до контакт. Се судат премногу лесни пенали, но честитки за Рико за неговото издание по тој пенал“, изјави Мегваер.
Англија како лидер патува на ЕП 2024, а на ждрепката ќе биде сместена во првиот шешир.