Не може дерби во Јужна Америка без црвен картон: Гонзалез удри ривал со копачка в лице
Дербито на 13. коло во јужноамериканските квалификации за Светското првенство меѓу Уругвај и Аргентина (0-1) во Монтевидео понудија слика која често се гледа на ова поднебје. Имено, во последните секунди од натпреварот црвен картон заработи Нико Гонзалез.






