Ако натпреварот „Финалисима“, каде треба да се сретнат Шпанија и Аргентина, не се одигра во предвидениот термин, актуелниот европски шампион ќе одигра пријателски меч со селекцијата на Србија, јавија повеќе европски медиуми.
Овогодишното издание на Финалисима, натпреварот кој ги „спојува“ шампионот на Европа и шампионот на Јужна Америка, може да биде преместен на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Европската фудбалска унија (УЕФА) и натаму планира натпреварот меѓу Аргентина и Шпанија да се одигра во Доха, иако постојат одредени безбедносни дилеми поврзани со ситуацијата на Блискиот Исток.