Барса се налути за Рафиња, Анчелоти го повика за „контролките“ на Бразил
Барселона нема да може да смета на помош од Карло Анчелоти кога станува збор за ослободување на Рафиња од репрезентативните обврски. Селекторот на Бразил го вклучи крилниот напаѓач во списокот за ноемвриските пријателски натпревари, и покрај загриженоста во каталонскиот клуб поради неговата физичка состојба и напорниот пат што го очекува.



