Американците бесни бидејќи не добија пенал, Почетино порача: Не плачам, ама...
Поразот од Мексико во финалето на Голд купот остави горчлив вкус кај селекторот на САД, Маурисио Почетино. Домаќините загубија со 2-1, а еден спорен момент во второто полувреме го крена на нозе аргентинскиот стратег, кој остро ги критикуваше судиите.