Деновите на Саутгејт се избројани, веќе се знае и првиот фаворит за негов заменик?
Деновите на Герет Саутгејт како селектор на Англија очигледно полека завршуваат. Медиумите на Островот на големо пишуваат дека, иако Саутгејт има важечки договор, отказот е веќе подготвен и го најавуваат неговиот заменик, кој најверојатно ќе биде актуелниот тренер на Њукасл Јунајтед, Еди Хау.