Ветеранот Хименез е херој, Мексико го крена трофејот во ЛН!
Фудбалската репрезентација на Мексико го крена трофејот во КОНКАКАФ Лигата на нациите, откако во финалето славеше против селекцијата на Панама со 2-1 (1-1). Мексиканците за првпат го освоија ова ново натпреварување во Северна и Централна Америка, бидејќи досега трофејот го креваше само селекцијата на Соединетите Американски Држави во трите досегашни изданија.

