Репрезентацијата на Нигерија е сигурен патник меѓу осумте најдобри на Африканскиот Куп на нации, откако славеше со убедливи 4-0 (2-0) во осминафиналниот натпревар против Мозамбик.
Фудбалската репрезентација на Египет е четвртфиналист на Африканскиот куп на нации, откако славеше над храбриот Бенин со 3-1 по продолженија, а во регуларниот дел резултатот беше 1-1.
Репрезентацијата на Камерун е четвртиот тим кој обезбеди место во четвртфиналето на Купот на африканските нации. Во вечерашниот натпревар против Јужна Африка, Камерун славеше со 2-1 и се приклучи на Мароко во второто четвртфинале.
Домаќинот Мароко е третиот патник во четвртфиналето на Купот на африканските нации. Полуфиналистот од последниот Мундијал потешко од предвиденото го скрши отпорот на дебитантот во елиминационите натпревари Танзанија и ја совлада со 1-0 (0-0).
Фудбалерите на Мали се пласираа во четвртфиналето на Африканскиот Куп на нации, кој што се одржува во Мароко. По подобро изведените пенали, Мали славеше над фаворизираниот Тунис (3-2), откако по 120 минути резултатот беше 1-1.
Репрезентацијата на Сенегал немаше преголеми проблеми со селекцијата на Судан и славеше со сигурни 3-1 (2-1) во осминафиналето на Африканскиот Куп на нации.
Елиминацијата на фудбалската репрезентација на Габон од Купот на африканските нации предизвика бурни реакции во татковината и отвори сериозна дебата за состојбата во националниот тим.
Со третото коло од групата Ф заврши групната фаза од Африканскиот Куп на нации. Брегот на Слоновата Коска и Камерун, кои ги освоија првите две места, како и третопласираниот Мозамбик, се квалификуваа за осминафиналето, додека Габон заврши последен во групата.
Последните натпревари од третото коло во групата Е на Африканскиот Куп на нации во Мароко не донесоа промени и ситуацијата остана иста како и претходно. Репрезентативците на Алжир ја победија Екваторијална Гвинеја со 3-1 во Рабат, додека Буркина Фасо беше подобра од Судан со 2-0 во Казабланка.
Додека фудбалерите се обидуваа да го привлечат вниманието со настапите на Африканскиот Куп на нации, вистинска ѕвезда на турнирот стана сенегалската фоторепортерка Амина Фал, чии фотографии од теренот за кратко време ги преплавија социјалните мрежи.