Мега-зделки на Галатасарај: Потпишаа Мауро Икарди и Хуан Мата!

Фудбалскиот клуб Галатасарај не се шегува и во финишот на преодниот рок (во Турција трае подолго), доведоа две ѕвезди за следната сезона, како и уште три засилувања.

Фановите на истанбулскиот гигант најмногу ги израдува доаѓањето на одличниот напаѓач од ПСЖ, Мауро Икарди. Аргентинецот пристигна на позајмица за следната сезона, во потрага по минутажа бидејќи во Париз не е во прв план. Одлична вест за Галата е фактот дека парижани ќе плаќаат само 60% од неговата плата за следната сезона. 

Второто големо име кое пристигна во Галатасарај е искусниот играч за врска, Хуан Мата. Прославениот Шпанец има 34 години, меѓутоа се очекува сериозно да ја засили креацијата на турскиот тим. Тој пристигна како слободен агент од Манчестер Јунајтед и парафираше едногодишен договор за сума од 1,9 милиони, со можност за продолжување на уште една сезона. 

Галатасарај во текот на вчерашниот ден промовира и уште три нови имиња. Се работи за косовскиот напаѓач Милот Рашица кој доаѓа на позајмица од Норич, екс-играч на Барселона кој доаѓа од Рапид Виена, Јусуф Демир за сума од шест милиони евра, а откупен е и талентираниот Матиас Рос од Алборг.