• Саше Љолес
Португалскиот гигант Спортинг заврши голем трансфер - исклучително голем за домашни услови, затоа што плати дури триесет милиони евра за Родриго Саласар, кој доаѓа од екипата на Брага.
Се работи за фудбалер кој „експлодираше“ во текот на минатата година и се прикажа во одлично светло откако пристигна од екипата на германскиот Шалке. Уругваецот веќе три години настапува за Брага, а сезонава имаше одличен учинок од 23 гола и осум асистенции во сите натпреварувања.
Залазар е репрезентативец на Уругвај, а покрај Шалке и Брага, играше уште за Малага, Ајнтрахт Франкфурт, Корона и Сент Паули.
Спортинг во трансферот го вклучи и бекот Диого Травасос, чија вредност беше проценета на 5,5 милиони евра.





