Мега-трансфер на Бешикташ – најскап во историјата на турскиот фудбал!

Во време кога фудбалска Турција руши сопствени рекорди на трансфер пазарот, последниот потег на Бешикташ ја потврдува новата реалност во Суперлигата – пристигнувањето на Оркун Кокчу, турскиот репрезентативец и поранешен капитен на Феенорд.

Кокчу, кој минатата сезона настапуваше за португалската Бенфика, пристигна на „Инениу“ на позајмица вредна пет милиони евра. Она што ја прави зделката рекордно значајна е задолжителниот откуп што Бешикташ ќе го активира во летото 2026 година, вреден дополнителни 25 милиони евра.

Вкупната сума од 30 милиони евра ја надминува дотогашната највисока трансфер-сума во турскиот фудбал, кога Фенербахче го плати Јусеф ен Несири вкупно 19 милиони евра. Иако формално Кокчју се уште не е целосно на Бешикташ, медиумите и пазарната логика веќе го сметаат за најскап фудбалер во историјата на турските трансфери.

Овој трансфер сигнализира дека Турција е подготвена да влезе во нова ера на инвестиции и амбиции, слична на онаа која ја гледаме во фудбалот на Блискиот Исток.