• Мартин Танасковски
Фудбалерите на Црвена Звезда го победија Партизан на „Маракана“ со убедливи 3-0 во 178-то „вечно дерби“. Црвено-белите на тој начин го отворија патот кон нова шампионска титула, бидејќи сега имаат четири бода повеќе од својот „вечен“ ривал и го држат првенството во свои раце.
Еден од стрелците за Црвена Звезда беше младиот Васлије Костов, кој испиша историја на „вечното дерби“. Имено, на возраст од 17 години и 10 месеци, тој стана најмладиот стрелец во најголемиот натпревар на српскиот фудбал.
Пред него, овој рекорд го држеше уште еден поранешен играч на Звезда, Андрија Максимовиќ. Василије Костов веќе го остави својот печат и во европските натпреварувања како најмлад голгетер на клубот, а сега светската фудбалска јавност го препознава неговиот потенцијал.
Костов има македонско потекло, но веќе настапи за сениорскиот тим на Србија, на квалификацискиот натпревар со Албанија, што автоматски значи дека нема да заигра за нашата репрезентација.




