Меџит Незири се врати во Шкендија и веднаш се приклучи на словенечките подготовки

Македонскиот првак Шкендија вчера ги започна подготовките, а денес доведе ново име во својнот ростер. Тетовскиот прволигаш официјално потпиша договор со Меџит Незири, кој минатите сезони настапуваше во Литванија и Летонија, а во нашата земја се прослави носејќи го дресот на Ренова. 

28-годишникот настапуваше за Шкендија во минатото, а веќе од денес е во Словенија на подготовките со своите нови клупски другари. Првакот минатата недела го напуштија Фазли, Тодоровски и Емини. 

Шкендија утре ќе го дознае својот прв противник во квалификациите за Лигата на шампионите во сезоната 2019/20.