Меџит Незири промени клуб, но останува во ПМФЛ

Екипата на Беса од Добридол продолжи да ги промовира засилувањата и второто име кое го објави како ново е Меџит Незири.

33-годишниот Незири минатата сезона беше дел од Струга Трим Љум со која ја освои Првата лига. Но, откако му истече договорот, си замина од екипата.

Следна станица ќе му биде Беса, каде доаѓа заедно со Костадин Захов од Воска Спорт. Се очекува во следните денови клубот да промовира уште нови имиња.

Незири во ПМФЛ играше и за Шкендија и Ренова, додека во странство беше дел од молдавска Дачија и летонски Вентспилс.