• Саше Љолес
Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар, повторно го пропушти натпреварот на својот клуб Сантос, овојпат против Мирасол, иако официјално не е повреден.
Иако клубот не објави конкретна причина, медиумите и навивачите повторно забележаа интересен детаљ - Нејмар речиси никогаш не настапува на 11 март.
Причината, според многумина, е роденденот на неговата сестра Рафаела, со која фудбалерот има многу блиска врска. Токму поради тоа, низ годините често се случувало тој да пропушта натпревари во овој период, што предизвикува бројни реакции во јавноста.
Овојпат, Сантос одигра нерешено (2-2), а Нејмар не беше ниту во протоколот за натпреварот. Сепак, се очекува бразилскиот напаѓач да биде подготвен за следните предизвици на својот тим.


