• Саше Љолес

Еден од лидерите во Првата македонска лига, екипата на Работнички, официјално се засили со Медин Бајрами, кој пристигнува како слободен агент откако му заврши соработката со Воска Спорт.
26-годишниот стопер беше претставен од новиот клуб, каде се очекува да биде солидно засилување за дефанзивата. Во кариерата настапуваше за повеќе словенечки и македонски клубови, а кратко време играше и во косовската лига.
Работнички го очекува стартот на пролетниот дел од сезоната како еден од тројцата лидери на табелата, заедно со Силекс и Шкендија.