Мечот во Скадар ќе го обезбедуваат 900 полицајци

Во Скадар владее фудбалска атмосфера воочи дебитанскиот натпревар на албанската репрезентација во мундијалските квалификации. Домаќинот е учесник на последното Европско првенство што се одржа во Франција и очекува голема поддршка од трибините на новиот стадион „Лоро Бориќи“ во Скадар.

Натпреварот ќе го обезбедуваат најмалку 900 полициски службеници од цела Албанија. За безбедноста на видните гости и ВИП личностите кои ќе бидат на стадионот, ќе бидат ангажирани и припадниците на Националната гарда.

Од нашата земја нема да бидат присутни навивачи со организирано доаѓање, а сите 16.000 билети се распродадени и албанската репрезентација ќе има голема поддршка воо првиот натпревар од официјален натпревар по Европското првенство.