Мечевите во мак-фудбалот ќе тргнат со едноминутен молк заради трагедијата

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги закажа и термините на кои ќе се врати мак-фудбалот, а пред стартот на дуелите ќе има и едноминутно молчење.

Второлигашите ќе истрчаат на терен во понеделник кога ќе го одиграат одложеното коло кое се помести заради трагедијата во ноќниот клуб Кочани. Прволигашите, пак, ќе играат на 31 март од 15:00 часот.

Во знак на трагедијата во која загинаа 59 лица, сите натпревари во колото ќе започнат со едноминутно молчење за да им се оддаде почит на жртвите и на семејствата за загубата.