ВИДЕО: Меч за паметење на Миовски – даде два гола за две минути!

Репрезентацијата на Македонија фуриозно тргна против аутсајдерот Гибралтар и уште во воведната фаза даде три погодоци. Откако Енис Барди изведе мајсторија од слободен удар, двапати меѓу стрелците се запиша Бојан Миовски

Младиот напаѓач го постигна својот деби погодок за националниот тим во 14. минута, откако со глава откосо стрелаше по центаршут на Барди. Веќе во следната акција, по лоша дефанзивна реакција Миовски го даде и вториот гол за Македонија. 

  • Првите два гола на Миовски за Македонија: 

Иако Благоја Милевски тргна со комбиниран состав и дури седум измени, репрезентативците реагираа позитивно на тешкиот пораз против Грузија и максимално сериозно тргнаа против Гибралтар. 

Состави

Благоја Милевски

4-3-3

    Julio Ribas

    4-3-3