Меч од шведската елита одложен неколку часа пред стартот поради местење!?

Големи вести ја потресоа фудбалска Шведска, затоа што натпреварот од шведската фудбалска елита меѓу Гетеборг и АИК на неколку часа пред стартот е одложен, поради наводно местење.

Шведската фудбалска федерација добила информација од фудбалер на АИК неколку дена пред стартот на натпреварот, а на денот на одигрување решила да спроведе истрага. Според медиумите од Шведска, на еден од голманите на АИК му била понудена парична премија ако биде под нивото меѓу стативите против Гетеборг.

Шпекулациите велат дека се работи за 37-годишниот голман Кирјакос Стаматопулос. Тој нема настап за АИК сезонава, но требало да биде дел од мечот затоа што првиот голман е суспендиран. Исто така, Стаматопулос добивал и закани.