ВИДЕО: Мец во 90. минута го шокира Лион на „Олимпик Парк“

Денот во француската Лига 1 заврши со изненадување, затоа што Лион како апсолутен фаворит загуби на домашен терен (0-1) од Мец и направи чекор назад со водечките во елитата.

„Лавовите“ имаа доминација, ама не успеаја да го скршат отпорот. Во еден момент во вториот дел постигнаа и погодок во мрежата на Мец, арно ама ВАР го поништи затоа што Токо Екамби беше во офсајд, па дојде казната.

  • Лион - Мец 0-1: 

Кога сите чекаа екстра-време и крај, Мец изведе една контра, па Леја реализираше. Играчот кој влезе од клупата за резерви доби топка од Булаја, па ја смести зад грбот на голманот Лопез, за голема победа на гостинот на „Олимпик Парк“. Така, Мец прокнижи три бода по три кола без триумф и се наоѓа на деветтото место. Лион, пак, е третопласиран, а го доживеа вториот пораз.

Значајна домашна победа прокнижи Лил, кој со головите на Бамба и Давид стигна до победа од 2-1 против Ремс. Единствениот гол за гостите беше дело на Зенели.

  • Лил - Ремс 2-1:

Со головите на Хванг, Баисе и Башиќ, екипата на Бордо славеше на теренот на Ница со убедливи 0-3, потврдувајќи ја добрата форма во новата година. 

  • Ница - Бордо 0-3:

Нант и Ленс играа без победник, а гостински триумф запиша Рен во Брест со 1-2.

  • Брест - Рен 1-2:

Лидери на табелата се Лил и ПСЖ со опо 42 бода, два повеќе од третопласираниот Лион.