ВИДЕО: Мбемба ја порази Бенфика, Порто го слави Купот и двојната круна

Ова дефинитивно е сезона на Порто, а Бенфика е најголем губитник во португалскиот фудбал за најдолгата сезона во поновата историја - сезоната 2019/20. „Змејовите“ го освоија националниот Куп и ја додадоа оваа титула на онаа освоена пред повеќе од две недели во шампионатот.

  • Извештај од натпреварот: 

Така, Серџо Консеисао грабна двојна круна, а во еден период од сеозната заостануваше и девет бода зад Бенфика.

Во финалето на Купот, играно на стадионот во Коимбра, Порто ја совлада Бенфика со 2-1, што е трета официјална победа сезонава во „О Класико“ дуелите. Двата гола за Порто ги постигна Мбемба во 47. и 59. минута, а Винициус од пенал во 84. минута само го ублажи поразот.

Порто по 17-ти пат го освои Купот на Португалија, првпат по деветгодишна пауза. Со оваа титула „змејовите“ се израмнија со Спортинг на второто место на вечната листа, каде неприкосновена е Бенфика со 26 трофеи.