Мбапе заминува од ПСЖ „полесен“ за 25 милиони евра?

Килиан Мбапе наскоро заминува од ПСЖ и се очекува да потпише договор со Реал Мадрид, но неговата разделба со „светците“ изгледа дека нема да мине во најдобар ред. 

Француските медиуми објавија дека брзоногиот голгетер не ја добил платата за април и мај, како и предвидениот бонус од два милиони евра за месец февурари, што веројатно ќе доведе до тужба доколку управата не ја исплати сумата во максималниот рок кој истекува до крајот на месецов. 

Мбапе имал состанок со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, но деталите не ѝ се познати на јавноста. „Л'Екип“ пишува дека клубот му должи на играчот уште неколку бонуси кои ја креваат сумата до 25 милиони евра, па доколку овие средства не бидат уплатени на неговата сметка, сигурно ќе следува судска постапка и пријава до Арбитражниот суд во Лозана.