• Сашо Поповски

Светскиот првак Франција започна убедливо во квалификациите за Европското првенство 2020 и ја победи Молдавија со 1-4.
Еден од стрелците беше Килиан Мбапе, кој стигна до својот 11-oт погодок во националниот дрес на „триколорите“. Сепак, еден момент од надополнувањето од мечот, кој се чини 20-годишникот можеше да го избегне, му донесе големи критики од спортската јавност.
Се играше 91. минута, неговата селекција имаше високо водство, а напаѓачот на ПСЖ реши да симулира и тоа на срамен начин со цел да извлече пенал од Александар Ставрев, кој беше главен судија на овој натпревар..
Направи сѐ што можеше за неговиот пад да изгледа убедливо, но на крај истиот му донесе жолт картон и опомена од нашиот арбитар за срамната реакција.
- Погледнете ја симулацијата на еден од најдобрите млади фудбалери во светот:
Mbappe hilarious dive and reaction after he was caught pic.twitter.com/CDwKwKsI9A
— zw10 (@zw10__) March 22, 2019
Kylian Mbappé pic.twitter.com/NaxpEBen0E
— Alexander Larsen (@AL4RSEN) March 22, 2019