• Горан Упале
Првиот дел од 15. коло од Лига 1 донесе два возбудливи натпревари, на кои беа постигнати по само еден гол, а трите бода останаа кај домашните екипи.
Во првиот натпревар екипата на Монако одново ги разочара своите фанови и ја продолжи катастрофалната серија во домашниот шампионат. Пред само еден месец тимот од кнежевството беше во трката за титулата, а сега го запиша четвриот пораз во последните пет кола. Последниот од тимот на Брест, кој славеше со 1-0 иако повеќе од половина час играше со играч помалку, откако исклучен беше Лудовик Aжорк. Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Думбиа во 28. минута.
Во вечерното дерби, пак, Лил ја продолжи победничката серија и пред својата публика со 1-0 го совлада Олимпик Марсеј. Двете екипи не ги кријат високите амбиции сезонава во домашниот шампионат, а на овој дуел подобар беше домашниот тим пред сè благодарение на помладиот бран на Килијан Мбапе, ѕвезда на Реал Мадрид. Етан Мбапе, по пауза од два месеци, одново се запиша во листата на стрелците и на својот тим му донесе огромна победа против директниот ривал за највисок пласман.
- Лил - Олимпик Марсеј 1-0:
Младиот ас прво мајсторски ја прими топката по едно длабочинско додавање и потоа одлично се снајде помеѓу неколку фудбалери на противникот и ја смести топката во мрежата за огромна радост на трибините.






