• Иван Димовски
Фудбалерите на Реал Мадрид по три ремија се вратија на победите во шпанската Примера, откако славеа на гостувањето кај Атлетик Билбао со 0-3 (0-2). Пресметката на „Сан Мамеш“ во Билбао беше вистинско шоу на Килиан Мбапе кој беше „кралски“ херој.
- Извештај од натпреварот:
По само седум минути игра беше отворен резултатот во Баскија. Мбапе доби топка од Александер-Арнолд, добро повлече и со убав удар од надвор од шеснаесетникот го матира домашниот голман за 0-1. До полувремето Реал продолжи со добрата игра, а тоа го круниса со втор погодок во 42. минута преку Едуардо Камавинга. По одлична тимска акција, на крајот Мбапе го проигра сонародникот кој удвои на 0-2.
Во продолжението од средбата своето шоу го продолжи францускиот напаѓач. Течеш 59. минута кога Карерас му додаде на Мбапе, а овој откосо биеше од преку 20 метри и ги постави конечните 0-3.
Со оваа победа Реал Мадрид одржа чекор со водечката Барселона и има само бод повеќе на втората позиција.





