• Горан Упале
Фудбалерите на ПСЖ со триумфот над Тулуз во Трофејот на шампионите (Суперкуп на Франција) го освоија дванаесеттиот трофеј во ова натпреварување, со што станаа убедливо најуспешната екипа во Франција, а Килијан Мбапе стигна до својот 111-ти гол во дресот на „светците“.
Францускиот репрезентативец на тој начин го престигна Единсон Кавани на листата на најдобри клупски голгетери, а по натпреварот уште еднаш зборуваше за можноста да го напушти „Паркот на принцовите“ и да се пресели во Реал Мадрид, бидејќи неговиот договор со клубот од Париз истекува налето.
„Сè уште не сум донел никаква одлука за мојата иднина, ниту, да бидам искрен, сум размислувал за тоа. Ни претстои уште многу работа, имаме големи амбиции и сакам да бидам максимално фокусиран. Лани до мај не ни размислував за преодниот рок, па нема да помислам ниту годинава.
Имам цврст договор со луѓето од клубот и што и да се случи на крајот од сезоната, ниту една страна нема да биде оштетена. Најважно во овој момент е што освоивме уште еден трофеј. Сакам да уживам во него“, рече Мбапе.
Килијан Мбапе повтори дека се чувствува среќен во својот сегашен клуб и дека и покрај недоразбирањата на почетокот на сезоната, сега има одлична соработка со тренерот Луис Енрике.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.