Мбапе се повреди со Бриж, Почетино загрижен: „Не е добро...“

Ѕвездениот тим на ПСЖ одигра „само“ 1-1 во првото коло на Лигата на шампионите, на гостувањето кај Клуб Бриж во Белгија

Иако беа апсолутен фаворит, домашните фудбалери одлично го затворија натпреварот и освоија голем бод. Сепак, покрај поразот, дополнителен проблем за парижани е повредата на Килијан Мбапе. 

Младиот крилен напаѓач во 51. минута беше заменет со Мауро Икарди, а Маурицио Почетино откри која била причината. 

„Не е добро. Мбапе го повреди зглобот, а и претходно имаше проблеми со слична повреда. Тој ќе биде прегледан, па ќе знаеме повеќе информации“, изјави стручњакот. 

Во тимот на ПСЖ пристигнаа Меси, Рамос, Донарума, Вајналдум, Мендес и Хакими, но стартот на сезоната не беше според планот. „Светците“ загубија во финалето на Суперкупот, кикснаа во Лигата на шампионите, а максимални се само во француската Лига 1.