Мбапе се откажува од БОГАТСТВО, само да си го исполни фудбалскиот сон!

Килиан Мбапе

Килиан Мбапе многу веројатно ќе стане новиот „галактико“ на Реал Мадрид. Еден од најдобрите фудбалери на денешницата ќе се пресели во Шпанија наредното лето, откако одби да стави потпис на нов договор со екипата на ПСЖ.

Неговиот договор со францускиот првак истекува во јуни 2022 година. Тоа значи дека „принцевите“ ќе мора да преговараат за негова продажба, ако сакаат да заработат од неговото заминување.

Ваквиот расплет ќе го остави Французинот без 40 милиони годишна плата, колку што ќе добиеше со продолжението на соработката со парижаните. Меѓутоа, парите очигледно не се мотивација за 21-годишникот, кој сонува еден ден да заигра за „кралевите“ и има намера тоа да го оствари од сезоната 2021/22.

Ливерпул се споменува како конкурент на Реал, но тешко дека некој може да поверува во победа на премиерлигашот во трката за потписот на еден од најатрактивните играчи на светот.

Мадридскиот гигант одлучи да направи пауза и овој трансфер период да го мине без поголеми трошоци. И не само тоа, клубот собира пари со продажба на сите фудбалери кои немаат иднина на „Сантијаго Бернабеу“.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.