• Иван Димовски
Реал Мадрид имаше катастрофален старт на мечот против ПСЖ бидејќи прими три гола во првите 25 минути од полуфиналето на Светското клупско првенство.
Голема глупост која со сигурност ќе предизвика огромни критики направи и Килиан Мбапе. Французинот сакаше да изнуди пенал, па во еден дуел кога Жоао Невес му ја шутна топката тој само се фрли.
За ситуација да биде побизарна Мбапе остана да лежи на теренот уште најмалку една минута, а така дури спречи и ветувачка контра на парижани.



