Мбапе: Сакавме европска титула, но наидовме на подобар ривал

Шпанската фудбалска репрезентација се пласира во финалето на Европското првенство во Германија, откако на првиот полуфинален тест во Минхен во вторникот вечерта ја совлада Франција со 2-1 (2-1).

„Триколорите“ поведоа во веќе деветтата минута со голот на Рандал Коло Муани, но „фуријата“ до крајот на полувремето го сврте резултатот со головите на Ламине Јамал во 21. и Дани Олмо во 25. минута. До крајот, и покрај големиот интензитет на играта, немаше повеќе голови.

Капитенот на „галските петли“, Килијан Мбапе, пред новинарите ја призна супериорноста на Шпанците.

„Шпанија заслужи да се пласира во финалето. Вечерва не бевме доволно добри. Сакавме да станеме европски шампиони, но најидовме на подобар ривал. Мислам дека добро почнавме, но во продолжението израмнувачкиот гол ни нанесе голема штета.

Сега ќе земам малку одмор, па се подготвувам за следната сезона“, изјави Мбапе.

Францускиот напаѓач го заврши турнирот со еден гол, една асистенција и големи заслуги за автоголот кој донесе победа против Австрија. Сепак, тоа е премалку за еден од најдобрите напаѓачи во светот и најдобриот стрепец на последното Светско првенство. 

Состави

Луис де ла Фуенте

4-2-3-1

    Дидие Дешамп

    4-3-3