Мбапе: ПСЖ постоеше и пред мене, ќе постои и после мене

Првиот напаѓач на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, ја коментираше изјавата на првиот човек на францускиот гигант, Насер Ал Келаифи.

Газдата на шампионот во Лига 1 неодамна изјави дека Мбапе е модел за новиот проект на ПСЖ. Мбапе одлично реагираше на изјавата на газдата, но и потсети дека тој не е поголем од клубот.

„Многу ми е драго што го слушнав тоа, особено ме радува што тоа го кажа претседателот на клубот за кој играм. Но, ПСЖ постоеше и пред мене, а ќе постои и после мене. Сите знаат дека имам амбиција да оставам трага во клубот. Но, ПСЖ има свој идентитет и јас само давам одреден придонес во тоа“, изјави Мбапе.

Мбапе на крајот на пролетта потпиша нов договор со ПСЖ според кој месечно ќе заработува околу пет милиони долари, а се шпекулира дека за потписот доби бонус од вртоглави 100 милиони евра.