ВИДЕО: Мбапе промаши два пенали, па се повреди во дресот на ПСЖ

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе имаше кошмарна ноќ во дресот на ПСЖ против Монпелје, затоа што прерано ја заврши средбата и воедно промаши два пенали.

Се играше седмата минута кога ПСЖ доби удар од белата точка. Одговорноста ја презема Мбапе, а откако не успеа да погоди, судиите оценија дека најстрогата казна ќе се изведе повторно затоа што некој од домашните дефанзивци предвреме влезе во казнениот простор.

И во вториот обид Мбапе беше непрецизен, затоа што ја погоди десната статива а потоа промаши и зицер. Само десет минути подоцна, француската ѕвезда мораше да го напушти теренот поради повреда. На негово место влезе Уго Екитике.

Повредата на Мбапе доаѓа во најлош момент за ПСЖ, пред двомечот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Состави

Michel Der Zakarian

3-5-2

    Кристоф Галтие

    4-3-3