Мбапе претставен како Роналдо, дури ги „ископира“ деталите: „Еден, два, три – хала Мадрид!“ (ВИДЕО)

Француската ѕвезда Килиан Мбапе го комплетира својот трансфер во редовите на Реал Мадрид од ПСЖ. Новата деветка на „кралевите“ парафира договор до 2029 година, а денес ја имаше својата официјална презентација. 

<<< - ПОВРЗАНО - ОФИЦИЈАЛНО: Килиан Мбапе е новата „деветка“ на Реал Мадрид!

Пред одлично пополнетите трибини на „Сантијаго Бернабеу“ беше промовиран Мбапе кој излезе на теренот во дресот на Реал. Присутен беше и Зинедин Зидан, легендата на клубот која пред тринаесет години како младо момче го донесе Мбапе во тренинг центарот на мадриѓани. 

  • Излегувањето на Мбапе на теренот на „Бернабеу“:

Презентацијата на Килан Мбапе многу потсети на онаа на Кристијано Роналдо во 2009 година кога тој од Манчестер Јунајтед се пресели во Реал Мадрид. Французинот направи некои потези кои веројатно ги видел на презентацијата на Роналдо, а и еден детаљ ги одушеви фановите. По примерот на Роналдо, така и Мбапе ги повика сите навивачи: „Еден, два, три – хала Мадрид!“, што во превод значи напред Мардид. 

  • Потегот на Мбапе на презентацијата: 

Исто како и Португалецот, Килиан Мбапе го задолжи дресот со број девет, меѓутоа веројатно во иднина ќе побара да ја добие десетката која сега ја користи Лука Модриќ.