Мбапе отворено: Немам објаснување, ни недостига континуитет...

Килиан Мбапе зборуваше отворено по поразот на Реал Мадрид од Бенфика во Лисабон (4-2) во Лигата на шампионите.

Франзувинот потенцира дека најголемиот проблем на „кралевите“ оваа сезона е недостатокот на конзистентност. Мбапе призна дека тимот не успева да врзе серија добри резултати и дека токму тоа го спречува Реал да игра на шампионско ниво.

„Немам јасно објаснување. Ни недостасува континуитет во нашата игра, тоа е проблем што мора да го решиме. Не можеме да бидеме добри еден ден, а лоши следниот, тоа не е она што го прави шампионски. Малку боли бидејќи сакавме да го искористиме февруари за да се одмориме, но ја заслужуваме позицијата во која се наоѓаме. Минатата недела одигравме неколку добри натпревари, но сега не, ни треба конзистентност. Ни недостасува по малку од сè. Не би рекол дека е само проблем на ставот или само на фудбалот, мислам дека е општ проблем, а во Лигата на шампионите секој детаљ е важен.

Ги молам навивачите на Бернабеу да излезат со желба да го поддржат тимот. Сè уште не сме елиминирани и сме во вистинската насока во Ла Лига. Ако Бернабеу е зад нас, ќе имаме одлична игра во недела“, изјави Мбапе.

Мбапе засега е најсветлата точка во тимот со 36 постигнати голови во сите натпреварувања, но јасно е дека и покрај одличната форма, не може сам да го носи Реал низ тешкиот период.