Мбапе отпатува за Манчестер, Почетино оптимист околу неговиот настап

Европскиот вицешампион, ПСЖ денес допатува во Манчестер, каде утре ќе брка сензација за пласман во финалето на Лигата на шампионите. По поразот од 1-2 на домашен терен, екипата на Почетино мора да направи подвиг за второ финале по ред во најелитното натпреварување во Европа.

Аргентинскиот стручњак изрази оптимизам околу настапот на напаѓачот на францускиот првак, Килијан Мбапе на реванш полуфиналниот натпревар на „Итихад“. 

Мбапе го повреди мускулот на десната нога пред првиот дуел против Сити минатата недела во Париз и пропушти саботниот натпревар во француското првенство против Ленс. Сепак Почетино ќе може да смета на својот напаѓач за мечот во Манчестер.

„Секојдневно ја проценуваме неговата состојба и мислам дека ќе може да игра“, најави Покетино.

„Светците“ во Манчестер допатуваа без Гана Гаје и Хуан Бернат.